ДИГИТАЛНО РАСКАЖУВАЊЕ
Во оваа категорија треба да се направи новинарска сторија која темата ќе ја пренесе на интернет страница, изработена специјално за таа намена, а ќе биде раскажана преку текст, фотографија и видео и/или аудио запис.
ГЕЈМИФИКАЦИЈА НА ВЕСТИ
Во оваа категорија се бара новинарска сторија преточена во on-line игра за јавно презентирање преку веб-сајт. Учесниците или тимовите ќе бидат должни да креираат новинарска сторија чија презентација ќе биде/се заснова на on-line игра.
НОВИНАРСКА АЛАТКА
Во оваа категорија треба да се развие платформа на помошни алатки преку кои новинарите во иднина треба да ги пишуваат своите стории.