Конкурс за распишување на start-up натпревар за новинарски стории “Jurnalism Start-up Competition”. На тема: Развивање на дигиталното раскажување преку нови новинарски форми.

1.

Овој конкурс го распишува Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа Скопје со седиште на ул. Дренак бр. 34А Скопје – Кисела Вода, со ЕМБС 6815138.

Рокови за поднесување на новинарските стории се следните:

  • рокот за пријавување на овој конкурс е од 20.12.2016 до 23.01.2017 година
  • рокот за предавање на конечните стории и проекти е 30.06.2017 година

2.

Новинарските стории треба да се однесуваат на една од трите долунаведени области:

  1. Дигитално раскажување: новинарска сторија која користи текст, фотографија и видео за јавно презентирање преку web-site. Пријавувачите во оваа категорија ќе бидат должни да напишат сторија која преку користење на текст, фотографија и видео ќе биде соодветна за јавна презентација.
  1. Интерактивна on-line игра: новинарска сторија преточена во on-line игра за јавно презентирање преку web-site. Пријавувачите во оваа категорија ќе бидат должни да креираат новинарска сторија чија презентација ќе се заснова на on-line игра.
  1. Развивање на новинарски алатки: развивање на помошни алатки преку кои новинарите во иднина треба да ги пишуваат своите стории. Пријавувачите во оваа категорија ќе бидат должни да измислат ( invent), развијат алатка која во иднина ќе им помага на новинарите во пишувањето на нивните новинарски стории.

3.

Во првата категорија (дигитално раскажување) ќе бидат избрани и прифатени 3 (три) новинарски стории и за секоја од нив одделно ќе им бидат доделени по $1.000,оо во денарска противвредност.

Во втората категорија (интерактивна on-line игра) ќе бидат избрани и прифатени 2 (две) новинарски стории и за секоја од нив одделно ќе им бидат доделени по $2.000,оо во денарска противвредност.

Во третата категорија (развивање на новинарски алатки) ќе биде избран и прифатен 1 (еден) проект и за него ќе бидат доделени $5.000,оо во денарска противвредност.

Во рамки на паричните суми кои ќе бидат доделени е вклучен и персоналниот данок, така што, при исплата на овие суми истиот ќе биде задржан и исплатен од страна на организаторот на натпреварот во име и за сметка на учесникот.

Паричните суми ќе бидат исплатени во два дела, така што учесникот добива половина од сумата веднаш по изборот на неговата сторија или проект и другата половина по конечното предавање на неговата сторија или проект, доколку бидат успешно релизирани.

Заинтересирани кандидати се пријавуваат поединечно, а дозволено е учество на тимови, при што паричниот износот кој се доделува не се менува. Дозволено е истовремено пријавување на стории и проекти во повеќе категории од распишаниот натпревар, па доколку ист учесник биде прифатен во две или повеќе категории истиот мора да одбере една категорија во која ќе се натпреварува.

УСЛОВИ ПОД КОИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА НАТПРЕВАРОТ

Преку овој конкурс Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа Скопје има за цел да ги поттикне и поддржи новинарите преку овозможување на потребните материјални ресурси во насока на реализација на нивните идеи. Со тоа учесниците треба да развијат нови вештини кои ќе им бидат потребни во понатамошното новинарско работење.

Овој оглас се однесува на сите новинари, граѓански активисти, дизајнери, програмери, и други слични професии од Република Македонија. Од оние кои ќе се пријават се бара директно учество во проектот, желба за промена на постоечката животна средина, слободно и креативно размислување и искористување на можноста да развијат сопствени техники и вештини за сопствено подобрување.

Огласот ќе биде реализиран во форма на новинарски start-up натпревар (Journalism start-up competition) и ќе се одвива на следниот начин. Учесниците првично се пријавуваат на конкурсот. На тридневен настан, се формираат тимови и се развиваат идеи за секоја категорија посебно. Идеите ги презентираат, односно наддаваат идеи за секоја од трите категории пред тричлено жири. Жирито одлучува која идеја ќе биде финансиски поддржана од Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа Скопје. Учесниците или тимовите работат во периодот што следи, но крајните производи мора да ги завршат и предадат најдоцна до 30 јуни 2017 година.

По прифаќањето на сторијата или проектот, Фондацијата за дебата и еудкација  ИДЕА Југоисточна Европа Скопје склучува договор со конкретниот учесник или претставник на тимот и во рок од 8 дена ќе им биде исплатена половина од горенаведените суми по категории со цел со овие средства конкретниот учесник да има на располагање материјални ресури за реализација на својата идеја.

За подетални насоки во изработката на сториите и проектите учесниците се упатуваат на веб страната за проектот на Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа Скопје – http://www.storyincubator.mk/  каде што ќе бидат содржани упатства и целите кои што треба да се постигнат преку сториите и проектите кои ќе се изработуваат.

Секој од учесниците/тимовите е должен својата новинарска сторија или проект да ја доведе во финална и функционална состојба најдоцна до 30.06.2017 година. Доколку новинарската сторија или проектот бидат успешно реализирани, тогаш втората половина од паричната сума ќе биде исплатен во рок од 8 дена, во спротивно втората половина нема да биде исплатена воопшто. А, доколку не се испорача крајниот производ, учесникот или тимот во овојслучај, ќе мора да ја врати и првата половина од сумата.

Дозволено е поединчено и групно учество на натпреварот, но ветените суми за финансиска подршка остануваат без промени и се дадени во фиксен и апсолутен износ. Дополнитлено од ветените суми треба да се подмират и фискалните давачки (персонален данок) на учесниците.

Учесниците – изработувачи со предавањето на своите стории и проекти на Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа Скопје се согласуваат истите да бидат јавно објавени и истовремено ги пренесуваат своите права на Фондацијата. За подетални насоки учесниците се упатуваат на веб страната на Фондацијата Идеа Југоисточна Европа Скопје од своја страна се обврзува сториите и проекти да ги користи исклучиво за информативни и едукативни цели.

Новинарските стории и проекти ќе бидат јавно објавени на on-line платформата http://www.storyincubator.mk/ одржувана од страна на Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа Скопје. Оваа on-line платформа ќе претставува и информатор за тековните настани и насоки кои треба да се следат во рамки на Натпреварот