На Новинарскиот стартап натпревар (НСН) секој заинтересиран учесник се пријавува индивидуално. Но, суштината на натпреварот и на проектот, генерално е сториите и проектите засновани на новинарските стории да се работат во тимови, заедно со веб-програмери, графички дизајнери, експерти за гејмификација на сториите.

По завршување на циклусот за пријавување, избраните учесници ќе работат во тимови. Но, критериумите на натпреварот дозволуваат доколку некој сака и избере да работи сам. Критермиумите на натпреварот дури дозволуваат некој од учесниците да си изберат надворешни соработници, но буџетот за сите категории останува ист и во овој случај, односно учесникот во овој проект ќе мора сам да одреди за колкава сума (од таа предвидена по категории) ќе може да ангажира свој соработник.

На овој новинарски стартап натпревар предвидено е да учествуваат вкупно 50 учесници – новинари, граѓански активисти, програмери, експерти за гејмификација и графички дизајнери. Нема да има класичен избор, туку ќе се примат тие што ќе се пријават во дадениот рок за пријавување, по принципот: прв дојден, прв услужен.

На веб-сајтот на НСН, има секција за пријавување, која се пополнува он-лајн: http://www.storyincubator.mk/registration/

Најуспешните идеи и учесници/тимови ќе бидат прогласени по тридневен настан –  хакатон. Тој ќе се одржи на 27,28 и на 29 јануари 2017 година во просториите на Сеавус Инкубатор во Скопје. Учесниците/тимовите ќе мора да ги презентираат и да се наддаваат со нивните идеи пред тричлено жири и тоа послениот, третиот ден од хакатонот.

После овој настан, избраните учесниците и тимовите ќе мора да работат на имплементација на сториите, односно проектите. Сеавус Инкубатор како партнер во овој проект стои на располагање и ќе им отстапи простор за работа, стручен надзор и стручна помош во реализацијата на новинарските интерактивни продукти.

Нивните стории и проекти мора да имаат дополнителна вредност на општествена одговорност, а тимвите да имаат желба за промена на постоечкото општествено опкружување, слободно и креативно размислување и искористување на можноста да развијат сопствени техники и вештини за сопствено подобрување.