На Новинарскиот стартап натпревар (НСН) секој заинтересиран учесник се пријавува индивидуално. Но, суштината на натпреварот и на проектот, генерално е сториите и проектите засновани на новинарските стории да се работат во тимови, заедно со веб-програмери, графички дизајнери, експерти за гејмификација на сториите.

НСН ќе се одржи на 27,28 и на 29 јануари 2017 година во просториите на Сеавус Инкубатор во Скопје. Учесниците/тимовите ќе мора да ги презентираат и да се наддаваат со нивните идеи пред тричлено жири и тоа на последниот, третиот ден од хакатонот.

На овој новинарски стартап натпревар предвидено е да учествуваат вкупно 50 учесници – новинари, граѓански активисти, програмери, експерти за гејмификација и графички дизајнери. Нема да има класичен избор, туку ќе се примат тие што ќе се пријават во дадениот рок за пријавување, по принципот: прв дојден, прв услужен.

Пријави се: http://www.storyincubator.mk/registration/