Во оваа категорија се бара новинарска сторија преточена во on-line игра за јавно презентирање преку веб-сајт. Учесниците или тимовите ќе бидат должни да креираат новинарска сторија чија презентација ќе биде се заснова на on-line игра.
Во оваа категорија ќе треба да се изработат две такви стории преточени во две различни интерактивни веб-страници.
Сториите и проектите треба да имаат дополнителна вредност на општествена одговорност, а учесниците да се водат од желбата за промена на постоечкото општествено опкружување, слободно и креативно размислување и искористување на можноста да развијат сопствени техники и вештини за сопствено подобрување.
За да ви биде појасно за што точно се работи, Ви овозможуваме еден пример од BBC: http://www.bbc.com/news/world-middle-east-32057601